губи (гл.) - свест (имн.)

И тогаш, кога веќе почна на моменти од болка да ја губи свеста за себе, сфати дека излегол од шумата и дека светлината што ја гледа на некои стотина метри пред себе не е ѕвезда, туку прозорец на осамена колиба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога по неколку дена Полин облечен во зетовски алишта дојде со сватовите да ја земе Девица, неа ја најдоа во собата каде што ја губи свеста испивајќи отров.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од себе го извади она што му се чинеше како последна сила и со тежок чекор, со раката сè уште притисната на градите, веќе сосема влажна од топла крв, се упати кон оџакот што чадеше...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се сеќавав на тие мигови кога во судницата, на масата со излижана маслинеста боја, се шеташе бледа неонска светлина, заминувајќи на десно, паѓајќи на подот, по паркетот, и пак враќајќи се од левата страна на масата, повлекувајќи ме и мене низ нејасни сеќавања за неизвесноста на кружното движење што од игра со сласт и страст се претвори во вител на силна и матна вода во која се губи свеста и престанува постоењето кое толку многу го сакав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури откако Томо ја смири состојбата, сите забележаа дека Никодин кој цело време се држеше за градите, ја губи свеста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)