гушне (гл.) - или (сврз.)

Често шеташе околу селото, по бавчите и шумата, ги посетуваше плевните и кошарите, одеше на сите оние места каде што одеа заедно, го чувствуваше нејзиниот здив како да е тука и кога ќе му засенеше нешто, помислуваше дека е таа, и нагло се свртуваше, но и сенката исчезнуваше - никаква трага од неа; седнуваше на истите оние места или предмети каде што седнуваа заедно, замижуваше и си создаваше илузија дека е таа тука крај него и молчи, како што често ќе примолчеше кога доаѓаа миговите да се гушнат или бацат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)