дава (гл.) - значење (имн.)

Политичките причини секако можат да се уважат, а со националните има многу манипулирање, бидејќи со нив најлесно се манипулира. »» Не ли Ви се чини дека кај нас националните чувства се пренагласуваат, дека премногу им се дава значење во некаква цивилизациска смисла?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој ми потврди дека било така, но не му даваше значење на тоа. Само рече: Абе, детински работи!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)