дава (гл.) - мир (имн.)

Авети, страшила кои никогаш не ѝ даваа мир... Тој залудно ја преколнуваше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мислата дека има во градов човек како тебе, толку посветен на книгите, не ми даваше мира, од преголемата желба да ја видам твојата библиотека! започна прв Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И забележав нешто чудно, нешто што не ми даваше мир: саксофонот задоволително ја изразуваше таа наша народна песна; но тој ја изразуваше до одредени граници, и не понатаму.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега стана јасно дека злосторот не му давал мир, дотолку што, изгледа, Партијата, интерно, му ставила забелешка што не ја дочекал веќе испратената наредба одозгора во врска со масовните стрелања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Имаше едно митралеско гнездо: не ми дава мир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Не сум болен, Танаско. Ми се тресат од некоја внатрешна треска што ме тресе и што не ми дава мир, што не ми дава ни сон, ни спокојство, додека ова што го започнав, не го завршам...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се собиравме само ние кои, постојано или повремено, се чувствувавме приморани од лудилото да дискутираме на философски теми; на тие средби изгледавме како луѓе жедни за разговори, и истовремено како присилени на разговори, како некоја измачувачка сила во нас да не ни даваше мир а ние сакавме да ја исфрлиме од нас со зборовите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многу често дискутиравме за тоа зошто нормалноста и лудилото се како два различни света.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Скриениот дијамант во џебот на старецот не му даваше мир.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)