даде (гл.) - боже (имн.)

- Вај додоле, мили боже! Дај боже дожд, дај боже дожд!
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Диктатура на потсвеста, која е фатена таму каде што ни самата, можеби, да ја потпрашал некаков филозоф- планинар, не би признала дека сака да биде, за таква, крута и грчовита, историски да се претставува како некаков, не дај боже, сатрап.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дај боже, сегашното востание да ни послужи како еден урок за нашиот народ, урок за сите нас Македонците, без разлика каде сме се образувале и како досега сме се викале.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дај боже, сега пролеаната крв да послужи како завет меѓу живите, коишто се должни пред таа крв да се заколнат за една заедничка културна работа, за полза и среќа на нашата заедничка многу напатена татковина – Македонија. *.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Некои беа нестрпливи и сакаа да одат да ја земат камбаната уште истата вечер, ама постарите ги искараа, рекоа оти таа работа не е за по ноќе кога луѓето може некаква беља да ги снајде и, не дај Боже, и камбаната да ја загубиме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Спретните движења на касиерката, извежбани така за до бескрај да го одржуваат истиот монотон интервал на потсвирнување на читачот на бар-кодот, и лицата на останатите во редот кои изгледаа како секој миг да ќе ја нападнат ако не дај боже се случи некаков застој, не оставаа можност за разговор за, на пример, времето, смртта на Харолд Пинтер или тукушто откриеното племе во Бразил.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пробај со точак, или не дај боже со бебешка количка, да извозиш од Соборна до Трговски.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не дај боже нешто да стане. А и за сѐ друго.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Дај боже да е вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знаеме, велат, да не се, не дај боже, во Воркута.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дај боже да е жив, ама нели не е крај нас да го гледаме, не ми го топли мене срцето – ѝ одговараше старата и се приготвуваше за две свадби во зимата што наближуваше. Да си го ожени Јошето и да ја омажи неа – Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Порано тука се учеше на српски. Ако останевте во Војводина сигурно ќе учеше на српски или, не дај боже, да не побегнела мајка ти наваму туку да останела во другата Македонија што е под Грција, ќе мораше на грчки!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Дај боже да е генерал, ѝ велам јас на мајка, се пресмевам, оти имав чуено за генерали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)