даде (гл.) - вода (имн.)

Не толку заради што му се исуши устата од силна возбуда, туку и за да провери дали букарите навистина, легнати така еден до друг и завиткани во влажна `ржаница ја држат студена водата, побара да му дадат вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Омалаксан е и само моли да му дадат вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Војниците на секого му даваат вода, конзерва и леб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И тие ни помогнале, ни дале вода.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ДИМО: (Се стрчнува кон Маноил и го крева) Синко, Маноиле! Што ти стана? (Вика) Баба Ленке! Тодоре… Дајте вода! Вода!! Синко!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Околу пладне влезе во новиот дел, каде што брезите беа штотуку насадени, ѝ се слоши на вратата на станот на господинот Бранџолица, па ја внесоа преку прагот, ја седнаа на стол до пијаното и ѝ дадоа вода. Се созеде.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Мече, дај вода! … А Мече ги гледаше ѓаволесто и никој од нив и не слутеше каква изненада им спрема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И кој смеел после да ми даде вода, со вода да ме убие?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замолив да ми дадат вода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Влатко, да ти речам, баба Анѓа секогаш ни дава вода.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)