даде (гл.) - ден (имн.)

Скриено, длабоко во себе тоа многу го посакував, дури и се скарав со шефот на работа, не сакаше да ми даде денови за одмор, па со многу убедувања ми го потпиша одморот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со сожалување гледаат на својот инперфектен живот и се предаваат на судбината, демисија на желбите, наместо храбро со восхит да го земат најдоброто што им го дава денот, достоинствено да ги поднесат хировите на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Луѓето заборавија на супстанцијалните вредности на верата, ги хибернираа мисли кон Бога, заборавија да одат на неделна молитва, да доживеат Епифанија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)