даде (гл.) - жена (имн.)

Ако пак е без тоа се погрчи, нема да ни биде од голема штета, бидејќи никој не му дава жена и нема да остави гркоманчиња.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во устата му стави сребрена пара што му ја даде жена му на Оруш за среќа и долговечност на куќата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му ги дале жените и ќерките на оние што не се овде.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ако некому не му даваат жена, ако некоја девојка не ја бараат беќарите- заостанале, и тука попот треба да му мисли.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)