даде (гл.) - задача (имн.)

2. Ни дадоа задача да подготвиме голем народен митинг.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ти дадам задача, па да провериме. - одеднаш, брзо – ќе ти ги исечам вените, па ако твојата крв ја оплоди пустинава, а на изникнатите глави заблеска сончевиот сјај, тогаш... - вади пила.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Во канцеларијата на „бетонците“ секој ден се прават оперативни планови, се даваат задачи, а стожерот на овие извршувања е техничарот Крсто Колевски, раководител на градилиштето, кој е постојано во движење, од утро до утро.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)