даде (гл.) - значење (имн.)

Тоа е најблиску до она што го нарекуваме “палимпсест” - слоеви на слики една преку друга, кои гледачот сам ги открива и им дава значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа свое уверување тој е искрен до наивност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Притоа експериментира со брзините на снимање и проектирање, со бојата и филтерите, за резултатот да биде она што можеме да го наречеме “насликана слика”, којашто претставува нова стварност и факт за себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Денешнот печат дава значење на извештаите за можна мирна солуција“.374 Во својата телеграма од 21 декември 1944 година Фицрој Маклин го известува врховниот сојузнички командант на Средоземјето за посетата на претседателот на НКОЈ Јосип Броз Тито на 20 декември 1944 година и за неговите разговори за ситуацијата во Грција и ставот на Југословените.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Политичките причини секако можат да се уважат, а со националните има многу манипулирање, бидејќи со нив најлесно се манипулира. »» Не ли Ви се чини дека кај нас националните чувства се пренагласуваат, дека премногу им се дава значење во некаква цивилизациска смисла?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Често, намерно или несвесно гипоттиснуваат, задушуваат, вршат суицид на сопствените чувсва.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се однесуваат нечесно кон себе си и поради тоа неможат да им дадат значење на некои од суштинските работи кои ќе му дадат вредност на нивниот емоционален живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сетилата не се доволни за да ја примат сета таа нежност и не можете на овој момент на љубов да му дадете име, зошто е повеќе од еден момент, зошто е вечност која ќе трае и после мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога би зборувала за мојата комплицирана личност нема зборови кои ќе му дадат значење на тоа што го чувствувам, зошто ова е повеќе од чувство.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знаеше за нивната недоделканост и подлост, но не сакаше на тоа да му дава значење за нашиот живот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ. ‌Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нуди естетика на општествено суштествување кое се приврзува за обликот на еден прав живот и му дава убавина и вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа отелотворува имагинативна структура што му дава значење на обликот на поединечно постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто како што геј-културата денеска е поголемо табу од геј-сексот, така и токму културата на хетеросексуалноста – она што го нарекуваме хетеронормативност – е таа што сега ѝ ги дава најцврстите гаранции на општествената легитимност на хетеросексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)