даде (гл.) - информација (имн.)

Исто така, тој им нагласува и дека ако не му биде одговорено на барањето, ќе мора решението на проблемот да го бара по судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мора да се потенцира дека претходно Митревски случајот го пријави и во Трудовата инспекција, но и оттаму никогаш не му е дадена информација за тоа дали е направена контрола во установата и што е исходот од неговата пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Компјутерската анализа на купувачките навики им дава информација на супермаркетите колку високо и каде да ги постават рекламите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И нашиот јавен живот во целост е компјутеризиран.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Понатаму, имаш интелигентно обмислени начини кои што даваат информации во врска со пишувањето на буквата, имињата кои што започнуваат со неа...
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ме чуди, зошто на вестите освен за временската не даваат информации и за состојбата на магнетно-енергетската клима.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Така, во извештајот од 5 декември 1944 година, се даваат информации за состојбата во Македонија во периодот септември-ноември 1944 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Извештајот се однесува на економско-социјалната состојба на населението во областа што ги опфаќала градовите "Штип, Кочани, Царево Село, Струмица и Радовиш".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Радо ќе им дадев информации што ќе можеа да ги употребат во одбрана на предметот во своите соопштенија за јавноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Модификациите во антологијата, мислам, не само што прават Црни овци (второ издание) да дава информации за најзначајните текови во светскиот расказ од 19 и 20 век, туку придонесуваат таа да биде употреблива за посочување на некои теориски и естетски карактеристики на расказот воопшто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)