даде (гл.) - можност (имн.)

Тука би било умесно да се даде и една критика кон законодавецот, за носењето трговски закони кои им даваат можност на основачите на вакви друштва да водат селективна политика кон одредени сестрински фирми , а кои функционираат во рамките на иста дејност; а, згора на сè, е и можноста што им се дава да применуваат различни аршини за вработените во склоп на „групациите“ и да ја избегнуваат мож- носта за прераспределување во матичната компанија-основач, откако одредено поврзано друштво5 (а не „подружница“!),6 кое е основано од неа, ќе биде затворено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од случајот на работникот Лозановски може да согледаме како една стриктно централизирана политика во одредена компанија, која се јавува како основач на помало друштво,4 а за кое не покажува некој сериозен долгорочен интерес, може да делува на штета по работните места на голем број работници – кои совесно и најодговорно си ја извршуваат работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По варшавските улици Неопрделеното, неврзано крстостување низ Варшава дава можности да се запознаеш со градот и со луѓето...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Впрочем, ми се чини дека и Миќо сѐ уште остануваше со желбата да ја сретне еднаш насамо својата љубима, и тоа ми даде можност да го преценам колку тежи како противник, зашто веќе се уверував во тоа што си го помислував и порано, дека и неговата љубов е една убава перспектива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Првата е веќе во текот на изградбата, кога станарите можат да делуваат со свои предлози, па и со својата работна сила, а другата е post festum, кога им се дава можност за преобликување на веќе изграденото.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ретроспективата истовремено пре­зентира и многубројни ситни предмети кои, педантно наредени во витрините долж ѕидовите, пожолтеле од времето; исто така и 456 цртежи од „Secret block for a secret person“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потсетувајќи дека уметничките дела на Бојс не може да се редуцираат на она што ние го гледаме, овие бордури-рамки играат двојна улога: тие се забрзан тек за оние кои тежнеат да ја дофа­тат мислата на Бојс и, истовремено, направа за корекција на погледот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Една од најскандалозните измени беше онаа со која на работодавачот повторно37 му се дава можност да ја откупи, односно да ја замени со паричен износ во висина од 5.000 односно 8.000 ЕУР, забраната за вршење на работа (чл. 33 од ЗИДЗРО/фев.13), со што во праксата оние работодавачи кои остваруваат големи профити ќе можат да си дозволат да ги кршат работничите права! 2.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ваквата формулација дава можност работникот да склучи договор за вработување на неопределено време, што секако е позитивна промена, но временскиот период од 2 години како минимален рок во кој работникот треба да продолжи да работи е несразмерно долго утврден и умесно би било да се размисли за сведување на овој временски услов на 6 месеци; ѓ) кај сезонската работа дојде до нејзино поблиско дефинирање како „работа која поради климатските или природните услови не се извршува во текот на целата година, туку во одредени периоди – сезони, која не надминува осум месеци во период од 12 последователни месеци“ (чл. 6 од ЗИДЗРО/фев.13) Инаку, ова е втор обид да се дефинира максималното траење на сезонската работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А.А. најпосле ми даде можност да продолжам: - Во одговор на вашето прашање, да се вратиме на прашањето на Апокалипсата и светите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Штета, зашто изучувањето на машките геј-културни практики дава можност да се примени изреката на Вирџинија Вулф за разликата помеѓу половите врз разликата меѓу сексуалните култури: „Меѓу двете класи сѐ уште има огромна разлика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќе го минам мостот, успорувам на мочливи пет километри на час за да не му дадам можност на вашиот син...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Како што спомнавме, динамитните бомби што гемиџиите ги фрлале по кафеаните биле направени со долг фитил, за да им се даде можност на гостите благовремено да го напуштат локалот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сето тоа на пиесата ѝ дава можност да изгради јасна, разбирлива реторика.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Парадоксално, ама развлеченото време полесно се поднесува затоа што дава можност за исто такво развлекување и расфрлање на погледот и мислите, па во такво хронолошко бунило петнаесет минути лесно поминуваат како две-три.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Пцовките се истакнуваат со светлечки реклами на куќите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во исто време, кој ќе посака во тоа да ги види знаците на Апокалипсата, му се дава можност истото слободно да го каже.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Метежот кој се создаде при слегувањето не му даде можност да ги провери своите сомнежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Само не вака. Не вака, со овој свој гостин, што трепереше онака исплашено првата вечер, а после што ти даде можност да ги споделиш со него сите оние свои најоптегнати безгласности на твојата самота, сигурно дека нема да можеш, човече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Збирката ќе му даде можност на нашиот народ да види со што ја обогатил својата умотворна ризница последниве неколку години и ке ги раздвижи неговите творчески сили на тоа поле.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
И овој пат Татко и Камилски, следејќи ист тек на мислата, прилично се оддалечија од првичниот наум: да се произнесат за сите можни конотации на поимот курбан, обземени и обајцата што им се даде можност да ги вкрстат западно-источните аргументи за означениот поим.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Знаеше дека ќе поминат денови пред да му се даде можност да погледне во неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го зимаш менито и у него ти се дава можност да бираш помеѓу штуц џинџерела и 300 врсти пиво.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Од 93-та имаме свој сопствен Интернет on-line систем, наречен Hacktic па преименуван во Acess for all, и тоа ни дава можност да дознаеме како се создава сопствена он-лине култура во Амстердам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имено, на единиците на локалната самоуправа и градот Скопје им се дава можност да се јават како организатори на волонтерска работа (чл. 1, ЗИДЗВ/08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа промена е тесно поврзана со промената на политич- ко-економскиот систем, при што со законот им се дава можност на странците да се самовработат и да делуваат како самовработени лица (чл. 1 и 2).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, во овој момент најважно е дека ѝ се дава можност да го види Карл...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се разболе и лекарите му забранија да пие, а жена му и син му ги советуваа да не му даваат можност да доаѓа во допир со пијалок, зашто му се заканува опасност да умре.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И, ако имаме среќа нашето дете да стане нуклеарен инженер, во што ќе вложиме сѐ што можеме и имаме, не прашувајќи се дека тогаш тоа наше дете ништо друго не ќе сака повеќе одошто да му се даде можност да ја стави во погон нуклеарната сила чии тајни ги владее, ако ништо друго да проектира и изгради нуклеарна централа!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На авторот на повеќе пати тие дена му се присака да му се даде можност ова свое доживување со битолчанката Аспасија, Паца, да ѝ го раскаже на Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Споменатата наративна поетика, колку што дава можности за опфат на големи простори и длабочини, доколку изобилува со меѓници кои те ограничуваат да одиш понатаму во опфатот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Еве, првпат ти дадов можност да бидеш вардач. Така ли е, никаквецу?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Сметале дека таа ситуација би можела да биде малку ублажена во случај ако се востановат слободни пристаништа и комуникации меѓу Солун и Кавала и ако тие слободни пристаништа и комуникции меѓу нив и главните центри на југословенска и бугарска Македонија се стават под меѓународна контрола".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како шеста солуција ја дале можноста за реставрирање на она „статус кво од пред 1941 год., со неизбежното продолжување на напомирливиот национализам во Македонија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)