даде (гл.) - оган (имн.)

Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бабата Цвета писна да таже и со една бовчичка в раце истрча преку дворот и падна до самата порта, молејќи за милост.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И решија да свршат работа со време — дури не е разденето. И ѝ го дадоа огнот на куќата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога му пристапија сините униформи и му ги одврзаа рацете тој веднаш почна да се оправдува: „Добро, признавам, им го дадов огнот, но тоа беше толку одамна! Делото е застарено!
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А зад обрачот нема голема сила што би не задржала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)