даде (гл.) - одговор (имн.)

Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А кога ќе биде и кај нас така? — запраша, но комшијата не можеше да му даде одговор на ова прашање, што го ожалости многу Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Патем размислував за големата љубов на парискиот човек кон кучето и кон другите домашни животни и се обидував да дадам одговор на оваа појава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во главата ни се вртат многу прашања на кои не можеме да им дадеме одговор.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби затоа почесто, подсвесно, само си зборуваме за промените без да се обидеме да донесеме вистинска одлука со која смело би им дале одговор на нашите поставувани прашања.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Рада, шегувајќи се, како од пушка му даде одговор. - Одам за Австралија!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да! - знаејќи го следното прашање, Јана му го даде одговорот: - Имотот ми е во наследство. Припаѓал на некој Германец.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Очите на Милан ја разгледуваа земјата за да најдат знаци што ќе му го дадат одговорот за идентитетот на непријателот, зашто тој беше тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Науката, слободно можеме да кажеме и светската научна мисла, допрва треба да даде одговор на прашањето за феноменот на генерал Стојан Маринов.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
На ова прашање некои се труделе да дадат одговор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Спомените на преживеаните атентатори не даваат одговор на ова прашање.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На ова прашање самиот тој не дава одговор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Утре ли треба да му дадеш одговор на валијата?“ „Утре“, процеди Марко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Парадоксот на перформансот на Кулик е во тоа што тој не сака да ја разоткрие својата посебност како руски уметник, туку се обидува да даде одговор на универзалната дилема во односот човек и животно, човековото место во природата итн. 10 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зошто ова обвинување е толку раширено?  Добро, можам да ви дадам одговор имплициран во вашето прашање од здраво­ разумски тип.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сите ние сонуваме за цврстиот темел врз кој ќе чекориме.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Второ: сакам да истакнам дека во песните на поетот Антиќ е даден одговор на многу нејасни прашања што децата си ги поставуваат кога ќе почувствуваат дека се менуваат, дека нешто врие во нив, дека нешто ново, непознато, таинствено се случува со нив.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ЛУКОВ: Да. Важно е да ти даде одговор.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Никој никому не дава одговор за ништо суштествено.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)