даде (гл.) - предимство (имн.)

Всушност, меѓу сите луѓе, како што знаеме, Исус им дава предимство, покрај децата, токму на божјаците, на нишчите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И сфатив дека ова е провидение, дека пајакот мене ми е подобен, или јас нему, дека попусто самиот сум се унижувал пред Лествичникот и другите бедни; дека сум го лутел Бога оти знак ми дал да го носам светот на плеќите свои, а јас не сум разбрал, не сум го познал знакот и сум дал предимство на друг, оној што е под управата на гревот, оти никогаш не сум се борел, не сум се спротивставил, послушен секогаш сум бил; а оној што послушен е секогаш, тој послушен и кон ѓаволот, а не само кон Бога ќе биде, кога ѓаволот ќе му се претстави под лика лажна, под образ притворен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)