даде (гл.) - предност (имн.)

Но, и покрај таквите недоразбирања, штабовите на двете организации настојувале на секој можен начин да се надминат меѓусебните недоразбирања и да ѝ дадат предност на соработката, која од ден на ден станувала сè поизразена, бидејќи се работело за реализирање на заеднички цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Кон крајот на војната ОСС имало околу 13 000 вработени.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа, мелодрамата може да си дозволи да ѝ дава предност на изведбата, да му дава првенство на одигрувањето интензивна емоција.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од трагедијата, таа може од драматичната изведба да направи вредност, а и извор на задоволство, по себе. ‌Тоа, се разбира, е она што го гледаме толку видливо прикажано во Милдред Пирс (а да не зборуваме за Најмила мамичке).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Може отворено да повикува на чувствата на својата публика, а нејзините глумци можат да си ги тргнат сите стеги за да го создадат посакуваното сентиментално дејство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата може да ја бара повластеноста што обично е резервирана за дивите: може да си биде жестоко театрална колку што си сака.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сега, кога веќе бев сигурен дека дипломатската победа беше конечна, му дадов предност на одговорот на последното писмо на мојата мајка, пред пишувањето на значајната депеша од приемот кај претседателот на републиката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога се пишува сценарио за филм, неопходно е јасно да се одвојат „елементите на дијалогот” од „визуелните елементи”, и, кога е тоа можно, да се даде предност на визуелното над дијалогот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука е оној член кој предвидува полова еднаквост при објавувањето на слободните работни места, при што не смее да се сугерира на кој пол работодавачот дава предност (чл. 24, ЗРО/05); како и забраната работодавецот, при склучување на договорот, да бара податоци коишто не се во непосредна врска со работниот однос и, комплементарно на ова, правото на кандидатот, за време на интервјуата за работа, да не одговара на прашања кои не се во непосредна врска со работниот однос (чл. 25-26, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Може да се каже дека тука Хабермас му дава предност на првиот елемент во однос на вториот, т.е. рационалната критичка дебата ја става пред учеството.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Заедничката критичка активност на дебата и јавниот дискурс се заменува со пасивно консумирање на културата проследено со „аполитична друштвеност“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)