даде (гл.) - пример (имн.)

Нобеловецот дава пример преку кој можеме да заклучиме дека „се зависи од тоа на кој начин ќе ја вреднуваме човековата исполнетост, потрагата по среќата, отстранувањето на сиромаштијата и правото на уживање во плодовите на својата работа“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тука тој ја разгледува мислата дека менталниот процес на интенција не зависи од постоењето на обичај или техника.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова наведува на помислата дека, според интенционалистичкото објаснување, би можело да постои разбирање на некој израз или следење на правило кое се одиграло само еднаш. (Тој го дава примерот со партијата шах која се играла само еднаш, - или започнала, па била прекината).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дали некој друг има учество во тоа, на кој начин?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следните прашања даваат примери за воведувањето на поодамнешни настани во посебниот излез.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа се прави преку изведување на значење во нивото на свесност на тој начин што: ... верувањата и желбите на луѓето стануваат доволно кохерентни и добро организирани за да заслужат да бидат наречени животни определувања или „начини на живот“, и на таквата кохеренција се гледа како на „диспозиции“ кои ја карактеризираат индивидуата. (Bruner, 1990, стр. 39)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следните прашања даваат пример само на некои од формите коишто можат да ги имаат овие прашања од нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Преку овој канон, Бах за прв пат ни дава пример на Чудна Јамка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Затоа ви дадов пример, да правите и вие така како што правев јас...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ахил се помирува со несомерливиот јаз меѓу чувството и неговиот израз дури при својата последна средба со Пријам, кој му дава пример како да живее со него – како да го пополни истиот тој јаз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И така, ќе ја загубат целата делотворност и ќе престанат да функционираат: веќе нема да можат да служат за испреплетување на луѓето во мрежа од општествени размени, ниту сега ниту во иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Откажувајќи се од секаков обид да го искаже она што навистина го чувствува кон Ахила, Пријам, несебично решен да си го откупи од Ахила трупот на мртвиот син, Хектор, му ги бакнува рацете на оној што му ги убил децата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш целото човечко општење и целата човечка општественост ќе се распаднат, а предивото на човечката односност ќе се расука – како што некое време се расукува во мрачниот дел кон крајот од Илијадата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога нашиот национале Бернар Кушнер ја изразува својата нестррливост и својот очај пред сведувањето на сметките на различните заедници на теренот со кои се соочува, тоа е исто така нормално; но има и други позначајни работи отколку да се испраќаат емисари да трагаат во регионот, има таму и неколку мудреци кои ги минуваат нивните животи во читање и медитација на импресивен збир книги, меѓу кои и Библијата, Талмудот и Куранот... и кои на нивните деца им даваат пример на достоинство и благородност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но добро, би ми било тешко да го купам целиот тираж на книгата во издание на Фајар за да го дистрибуирам самата јас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со други зборови, кога Буда го прашале како постигнува просветлување, дали постепено или ненадејно (Мао вели постепено), Буда рекол - постепено, но во следниот момент вели - ненадејно; и дава примери од природата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)