даде (гл.) - убавина (имн.)

Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тука е и димензијата на хетеронормативноста која Ворнер ја нарекува „репросексуалност – испреплетувањето на хетеросексуалноста, биолошката репродукција, културната репродукција и личниот идентитет“ во стил на живеење што создава „однос кон себството кое сопствените темпоралност и исполнетост ги гледа во поколениското пренесување“ и побудува етос на „себетрансценденција“ како основа на човечкото достоинство.467 ‌Доминантноста на хетеронормативноста зависи од пробивноста и неминовноста на тој етос – многу повеќе отколку од задолжителната хетеросексуалност како сексуална практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа создава етика на лична и колективна репродукција, имплицирајќи насоченост кон иднината.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ. ‌Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа нуди естетика на општествено суштествување кое се приврзува за обликот на еден прав живот и му дава убавина и вредност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)