даде (гл.) - јадење (имн.)

Ај ми со здравје и носи му здраво живо на мудурот да си и бере парталите, оти ошче еднаш ако ми падне в раце нема да му a остава кожата здрава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На разделба Трајко му рече на Толевци: — Ете, отсега да знајте, кај ќе одите, ќе и барате нашите работници од Организацијата и тие ќе ви даваат јадење и меќан без да плаќате ни грош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му даде јадење и водичка, го искапи, дури и куќичка му направи.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога да му даваат јадење, во колку часот навечер да го капат, во кое време од денот кое јадење да го јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Кога ќе ни дадат јадење? - праша загрижено.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога дојде мајка му и кога му отворија да му дадат јадење - го најдоа мртов.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Болничарите не знаат од кај да им дадат јадење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Минува низ селата до кои сè уште не стасала војната, трчаат луѓето по него, го пречекуваат, го прашуваат за фронтот, за своите; плачат, голтаат сè што ќе им каже; му даваат јадење и го испраќаат (Оди ми, добруле, здрав и жив да стасаш, жени се, добруле, додека си млад, да ѝ го видиш аирот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И тогаш ѝ наредува на мајка ми и на сестра ми да не ми даваат јадење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)