даде (гл.) - в (предл.)

Очекуваше. Во него се роеја очајнички мисли. Нема да им се даде в раце.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А вие, добри мои, дали размислувате, да ве прашам, кога фрлате некое од оние убави лепчиња што ви ги даваат в школо, колку труд, колку средства, колку надежи се вложени во него: првин да се посее, па да расне, да созрее, да се ожнее, да се оврши, да се сомеле, да се меси, да се испече и да ви се донесе вам!? А вие го фрлате!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Многумина им префрлуваа на Димитрија и на поп Јакова зошто му ги дале в раце на кадијата документите, но овие се бранеа дека му ги дале да го убедат во своите права без да се сомневаат дека еден кадија ќе биде толку неправеден да задржува на сила царски фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)