даде (гл.) - во (предл.)

Ако поинаку не е договорено или во местото на предавањето на предметот вообичаено, закупнината се плаќа полугодишно кога предметот е даден под закуп за една или повеќе години, а ако е даден за покусо време, тогаш по истекот на тоа време (чл. 586, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Директна дискриминација е секое постапување условувано со некои од претходнонаведените законски основи со кое лицето било ставено, се става, или би можело да биде ставено во понеповолна положба од други лица во според- бени случаи; индиректна дискриминација постои кога определена навидум неутрална одредба, критериум или пракса, работникот го става или би го ставила во понеповолна положба во однос на другите лица – поради определено својство, статус, определување или уверување (чл. 7, ст.1-2 и ст.4, ал.2 од ЗРО). 4.  Во зависност од: степенот на одговорноста на работникот, условите под кои е направена повредата на работните обврски и на работниот ред и дисциплина, поранешната работа и однесување 79 на работникот, тежината на повредата и нејзините последици – работодавачот може на работникот да му изрече парична казна, која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна нето-плата на работникот, во траење од еден до шест месеца (чл. 84, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку не е договорено поинаку, закупецот може закупениот предмет да му го даде во закуп на друг [подзакуп] или според некој друг основ да му го предаде на употреба, но само ако со тоа не му се нанесува штета на закуподавецот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма – со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна со правна поука (чл. 85, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако лажниот исказ [на сведокот] е даден во кривична постапка, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа казна ќе се казни странка која при изведување доказ со сослушување на странки во процесна или во управна постапка ќе даде лажен исказ, а врз овој исказ е заснована одлуката донесена во таа постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа се затвораат рестораните сѐ до вечерата, која исто така се дава во одредено време.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
— Сигурно некои коркари како вас, — не престануваше Толе да ги навредува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој лесно не се дава в раце, па не е ни право да го дадеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече — му го подаде Дорев писмото и го испрати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Основата може да ја покрие И (1). 4 Оваа може да се најде во првите страници од (2), а корисно е сумирана во (4, стр. 19 И понатаму) okno.mk | Margina #11-12 [1994] 67 5 Сепак погледнете (4, стр. 43) 6 Краток преглед е даден во (7, стр. 126-127); друг може да се најде во (8). 7 Некои подробности можат да се најдат во (11).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Направив неколку измени како резултат на некои корисни забелешки; сепак, сигурен сум дека тие се недоволни да призведат консензус. превод: Жарко Трајаноски 68 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Iddo Landau Што е старо кај Дерида? (What’s Old in Derrida?) Philosophy 69, 1994 1 Револуциите често задржуваат повеќе карактеристики од предреволуционерната состојба, отколку што сакаат да признаат оние што ги прават.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не правам никаков обид за нивно вреднување. 3 За еден општ вовед во Деридиното мислење можат да се консултираат одреден број на дела, на пример (9).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом слушаше ти за неговото убиство, твојот поглед пламнуваше а ужас; и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својот гнев - дека одмазда ружаш.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Дури и Тихир бег Јаузоски, кој, зашто Боше беше негов овчар и најдобар во Потковицата (само да ѝ го земеше вимето на сјагнета овца во грстот веднаш ќе ти кажеше кога точно ќе се објагни, дали по еден саат, дали по два дена, или по една недела) им беше многу налутен на Јанчески што допуштиле ајдутин да им го земе од постела, во тоа виде божие претсказание па помирливо рече Господ нека ви се смилува вам Јанчевци: ланилето еден ваш се вулоган паѓајќи од Камен, завчера стрика Анѓела го закопавте, ноќеска ајдути трет ви грабнале и заповеда сите возрасни веднаш да се дадат во потера по ајдутинот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И им издаде заповед првин на своите, на имотските луѓе, а сетне и на сите христијани да се дадат во потера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И Турците се острелушија; се уплашија дека ајдутите навистина можеле ноќеска, несетени од никого, да се префрлат преку авлиите на чифлизите, па и тие, на чело на своите раетини, се дадоа во потера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дотрчаа тие и кога го видоа стореното, се дадоа во потера по убиецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во обид да им удоволат на сите, да му удоволат на едно национално читателство составено од имашливи поединци кои можеа да си ги дозволат производите што се рекламираа на нивните страници (со што се покриваа трошоците за плати, печатење и дистрибуција), овие изданија стануваа сѐ понеконтроверзни, сѐ покомерцијални и сѐ полесни, за да се претворат најпосле во геј-еквиваленти на списанијана што ги даваат во авион.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Контактот лице в лице во геј-маалата, кој веќе згаснуваше, сега сѐ повеќе стануваше заменлив.450 Можеше да си најдеш геј-луѓе на интернет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, геј-весниците и геј-книжарниците ги обнародуваа новите дела од областа на геј-историјата и квир-теоријата, толкувајќи ѝ ги на заедницата нивните дострели на јазик што заинтересираните читатели можеа да го разберат. ‌Разбивањето на геј-населенијата и разнебитувањето на геј-маалата значеше исчезнување на материјалната и на стопанската основа на геј-печатот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Локалните геј-весници сега се заменија со национални, висококапитализирани списанија на сјајна хартија наменети за пазарна ниша определена од делокализираниот геј-идентитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Новите сјајни геј-списанија немаа намера да известуваат за политички дебати од чисто локален интерес, а камоли да се зафаќаат со критика на пазарната категорија на геј-идентитетот од која зависеше токму нивниот бизнис.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Им било вишок па го дале во Свињишта.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Речено е, навистина во почетокот, дека членовите на субверзивниот комитет од Софија одлучиле да извршат серија атентати во градот Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Речено е, навистина, во почетокот дека членовите на субверзивниот комитет од Софија решиле да извршат серија атентати во Солун, но никаков доказ не е даден во таа смисла, така што пресудата се ограничува на констатацијата, навистина сосем сигурна и комплетна, за личното учество на обвинетите во атентатите од 28 и 29 април“155.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дај во нашите куфери да земеме дел од твоите работи,“ предложи Роза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нивните куферчиња веќе беа преполни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со слабите рачиња го зема она парче оброк што мајка ѝ ѝ го дава во темниот подрум но без месо, млеко и млечна храна...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сепак, мојот оптимизам е недоволен за верба во исто толку брзата ликвидација на дефицитот од хартија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кој манирист би можел да ја разбере дефиницијата на поезијата која Новалис ја дава во своите Фрагменти: “Поезијата е голема уметност на конструирање на трансцендетално здравје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така, на моите читатели нема да им остане ништо друго, туку да даваат во стара хартија по дваесет килограми од Ваши дела за да добијат талон за една книга за војникот Чонкин. (Владимир Војнович)” Преводот на ВВ е извршен според едно од поновите негови изданија, појавени по неговото десетгодишно пребивање надвор од границите на СССР. okno.mk 211 Евгениј Харитонов - име што не спаѓа во кругот на најгласните имиња на современата руска проза, но тоа е име познато на (релативно) тесен круг на љубители и следбеници.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Младичот на Пармиџанино е умен, сензибилен, делумно анемичен, тој ги сака маскирањето и пресметаното подвојување во конвексно огледало.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Зборот строги е премногу благ... Ми ја мерат секоја слободна минута, времето ми го даваат во лажиче, како сируп. - Ха, ха, ха! - се насмеа Роска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По завршувањето на основното училиште Таки и Ленче ја даваат во познатата битолска Раденичка школа за девојки за домаќинство и шиење.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Шарон го информира Буш дека повеќе не се чувствува задолжен да го одржи ветувањето што му го беше дал во март 2001-та дека нема да го гиба животот на Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во книгата се открива еден телефонски разговор меѓу Џорџ Буш и Ариел Шарон од 14 јули 2004 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите се дадоа во потрага по нашите барани книги за балканските јазици и јаничарството...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се дадоа во потрага по стоте најопасни турцизми, кои требаа да се претстават со нивните посебни толкувања, со најубедливи аргументи за нивното конечно чистење од нивните мајчини јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е резултат на првокласната обука што во денешно време им се дава во Шпионите - подобра дури и од моето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нашата пријателка, докторката Милја предложи да те земе некој ден да полежиш на одделот кај неа, иако тоа немаше врска со твојата болест, но барем да може малку да те подигне со инфузии што не се даваат во домашни услови, плазма, трансфузија и друго.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
До следна промена кај оваа материја дојде во август 2008, кога целата оваа одредба едноставно беше избришана!? (чл. 5, ЗИДЗРО/авг.08); •  прв пат се воведоа и одредби за застарување на правото да се даде отказ – имено, отказ поради лични причини на страна на работникот, работодавачот може да даде во рок од три месеци од денот на дознавањето за фактите кои се основа за давање на отказот (субјективен рок), односно во рок од шест месеци од денот на настапувањето на фактите кои се основа за давање на отказот (објективен рок).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дури расправаа за некоја мајка и татко, дека откако им се родил синот, го дале во дом да се чува. Имале пари да платат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сѐ додека тој не дојде до неа и не ѝ го даде в раце букетот со прекрасните пупки од бели ружи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И гледај, варди, — ѝ рече, — да не се дадиш в раце безвреме, слепела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Протестираа поповите и Димитрија, молеа да им ги врати, луто каејќи се што му ги дадоа в раце, но тој им се закани дека сите ќе ги затвори и исколе, та се вратија, ветувајќи му дека ќе се покорат на неговата власт штом не ги признава старите фермани.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стоеше бледа и остарена со револверот што му го дадоа во таа ноќ.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Агентот помина со рака преку влажното чело; движењето му беше несигурно; изгледаше како да сака да тргне некоја повлака од очилата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И уште ми даде во кошничето и едно кесе макарони.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Кире се поднамести.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така ни дадоа во Романија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Овој филм често се дава во Париз и понекогаш се случува да го гледам и двапати неделно; секој пат си велам себеси: бидејќи го знам на памет, нема да ја следам приказната, ќе го следам возот во филмот... дали возот се движи... какви се рир-проекциите... дали камерата се движи во ентериерот на купето, и секој пат сум обземен од личностите и заплетот така што сè уште не знам како е направен филмот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го пофаќам писмото што ми го дадоа во Штабот и го превиткувам на најситни делови за да можам, во случај на потреба, полесно да го голтнам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нотацијата на траењето се дава во просторот, а се чита онака како што му одговара на времето, додека во случајот со магнетската лента читањето не е потребно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многу добро знаев како мириса цедевита.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не, - рече Бистра, - Ќе ти дадевме, само што тоа е еден лек што ни го даваат во школо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што сторивте неранимајковци! - списка вештерката. Ние се дадовме во бег.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знам, Батјо, - одговори таа, обраќајќи ми се со името што ми го дава во таквите моменти на специјална нежност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Всушност, беа Германците, тие одеднаш се дадоа во стрелба, отворија оган, најпрвин биеше топот, а потоа и тешкиот митролез.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А од ќебето што ми го дадоа во партизани, Мане Шнајдерот ми соши пантолани, пумпарици, зашто првите ми се искинаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И навистина загина на Плетвар. Тој беше втор што загина од нашето село. Така заврши со чизмите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)