даде (гл.) - голем (прид.)

Салоника, како што е добро познато, е една од најстарите еврејски заедници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се разбира, Варшава, која даде големи жртви во војната, е сета во споменици, железни спомен- плочи и слично, кои новите генрации го потстуваат за тоа дека овој град - маченик, страдалник и херој, некогаш физички уништен од Хитлерова Германија, успеал да се издигне од пепелта на уништувањето: поубав, полн со сите свои знаменитости од минатото, кои биле, кои и денес се украс на овој град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ама најважната работа не ќе биде тоа што јас ќе се вратам со чопер, туку тоа што, додека сум таму, ќе дадам голем адвертвајсмент по цел свет и тогаш вие ќе видите по колку чопери ќе се толчат да слетуваат на Тумбица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Фелдмановите “графови” во одредени граници на акција на изведувачот му даваат голема слобода.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го послушав, зошто тој ми даде очи да го видам гревот, тој ми даде душа да го простам тој грев и на крај ми даде голема награда за да ги исполнам своите желби и да го живеам животот како што заслужувам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А тоа право може да ни даде голема материјална полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)