даде (гл.) - добар (прид.)

И како да не го прими, кога тој дава добар повод за смеи и за двосмислени потфрлања.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Љубомора што луѓето со пари ги крадат темите од андерграунд животот и им даваат добар и комерцијален изглед.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Му ги собрале парталите и оние неколку парички што му ги дале добри луѓе за душа на своите мртви, мислев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, пушачите ни даваат добар пример за тоа како треба да се однесуваме дома, то ест со своето, а како надвор, то ест со туѓото.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Го најдов и се сожалив, мислев вакво човече, момченце со брада и брчки, не знае што е грев и мислев дека не знае, кутриот, што му се случило, соблекле и го натепале зашто можеби се бранел со својот поснички крст.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)