даде (гл.) - друг (прид.)

Додека Јанческите, пак, дека се најбедни и за да се прикрепат колку толку со тоа што им го даваат другите ги вршат другите црковни работи: клисарската и ги чуваат црковните вешти: крштелникот, крстот, клепалото, носилата и слично.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ние го наведовме ова за да се увери читателот сам дека било сосема неопходно вака да се случи и дека никако не било можно да му се даде друго име.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И без да им даваат други објаснувања и оправдувања, им рекоа пеш да го продолжат патот и биени од силниот дожд вечерта допешачија во ливадите пред Поградец.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
За да му даде друг тек на разговорот, Татко ја праша Мајка: – Кога научи да танцуваш?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кадијата нареди јуриш преку Чебренскиот Мост и поп Јаков со своите старавинци, градевци, бзовичани и саточани два дена го држеа преку река, но на третата ноќ Турците го освоија мостот и почнаа да настапуваат преку самите карпи во кои беа бунтовниците, а некои од Турците преку Бзовиќ веќе им се кажаа зад грб, та беа принудени да отстапат за да дадат друга битка на Баба пред самата Старавина.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не беа парите мотивот што го гонеше, дури и да му се нудеа, не ги земаше, зашто со тоа би им дал друг потход на своите идеи, би ги урнал на друго рамниште.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)