даде (гл.) - еден (прид.)

Во весникот Вечер на насловна страница излезе текст со наслов „Македонија увезувала сперма по цена од 1000 евра” па оваа тема ми даде за повод да дадам една идеја која оди во спротивност со онаа на државата да ја увезува таа течност која живот значи.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сега ќе дадеме еден пример.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му дадоа една табличка со остаток од моливче врзано за едниот крај. Во почетокот не ги употребуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
КЕВА: (Влегува и гледа низ прозорецот.) Уште не стасал куќата му онемилела. Дома не му се влегува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СПИРО: Море, јас нему ќе му дадам еден ум како да си ја земе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И дадов една по муцка и ја легнав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми даде една кутија „карелија“ и ме испрати неколку метри со зборовите –Бесвина се испусти, нишчо не остана од селото... до скоро некој камен од црквата имаше останато, ама и тоа се витоса...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дипигус се навредува и, пред да излезе, дрско му вели на господинот Сенка: - ќе ви дадам еден совет, почитуван господару, како да ги истрезните тие ваши пијани послушници: мозок од овен што не се парел, треба да се стави во вода во која биле избањати мртовци; и тогаш само треба да се послужи, господине Сенка, слично како овие риби и змии кои помалку еднолично ги имаме на менито секој ден.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Догледање. Господинот Сенка е просто вџашен, и долго не може да се соземе од она што му го кажа Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Венче се вцрви. - Ми ја даде една другарка... - прошепоти.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)