даде (гл.) - мој (прид.)

И тебе и сите вас ќе ве потсетам: Јaс, чедо на народот на Грција и борец на Демократската армија на Грција, се колнам дека ќе се борам со пушка в рака, ќе ја пролеам мојата крв и ќе го дадам мојот живот за да го истерам од мојата татковина и последниот странски окупатор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чекајте да ви ја дадам мојата адреса.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постоев заедно со мрачни сеништа, нив им ги дадов моите детски соништа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам само дека ме научија да мразам, премногу знаев и премногу страдав.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ете токму така беше, јас ја дадов мојата чувана и пазена душа на такво разгалено детиште и тоа без никаков срам ниту страв ја престори во прашина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Зар нему да му ја дадам мојата ќерка“, викаше бесно Профим.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не, и има зошто: јас му пишував без да му ја дадам мојата адреса оти бев сигурна дека тој нема да ми одговори или, доколку го сторил тоа, би се задоволил да ми го каже тоа што веќе вам ви го кажал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Овде, треба да прекинам. Ќе продолжам подоцна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ќе ми дадат моја соба, мој кревет, ќе се дотерам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)