даде (гл.) - одреден (прид.)

За возврат, таа ми дава одредена сума да ми се најде и ми купува цигари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таквата “поврзаност” речиси исчезнува во криминалистичките романи на нашето време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можеби тоа беше давање одушка од макотрпната работа, можеби беше терање инает во војните, со реквизициите, со даночниците и чифликсајбиите, но жителите на Потковицата, со вкоренет оптимизам на луѓе прикрепени за земјата, односно со докрај изјаснета свест дека таа, мајчичката земја, раѓајќи одново и одново го обновува својот и нивниот живот, односно дека освен неа и нив ништо друго и никој друг не е вечен, на сѐ во врска со жетвата му дава одреден празничен призвук.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Наспроти тоа, двократноста, проблемот на идентитетот стануваат меѓу најважните теми на европската лирика и проблемска литература, на пример во “Cycle Teste” на Пол Валери. okno.mk 219 Салвадор Дали, Параноични лица 220 okno.mk Светот на сонот: идејата во нова транформација Fabrizio Clerici, Татко и син Salvador Dali, Лоренс Оливие како Ричард III Текстовите на Зигмунд Фројд за соништата дадоа одредени клучеви за толкување на соновите главно со помош на сексуалната симболика, а тоа пак соодветствува со сите типови на маниризмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фондацијата Отворено општество (која досега единствена го помагаше списаниево, и тоа со вкупна сума од 22 илјади ам. долари, пет илјади првата година, дванаесет втората и по­втор­но пет третава) дава одредени знаци дека нив­ната „великодушност” не е бескрајна.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)