даде (гл.) - свој (прид.)

Нејзините повтору­ва­ни, често контрадикторни, но секогаш бомба­стич­ни изјави ги презаситуваат медиумите („Го дадов своето тело на уметноста“, „Телото е само костим“ итн.) ја заокружуваат сликата на ексцентричен уметник во медиски не претерано сварлив пакет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Друга работа што може да попречи е нејзината самопромоција - секако дека секој уметник сака да ги продаде своите дела, ако поради ништо друго тогаш барем за да преживее, но Орлан оди чекор потаму од тоа, можеби и предалеку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа е една од маѓесностите на нашата држава за чие создавање и јас го имам дадено својот скромен удел без кој таа ќе беше невозможна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Првото изненадување, и стравот потоа, ѝ отстапија место на радоста дека, ете, најпосле, маказарчани се тука и ја даваат својата поддршка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа беше прв случај кога пред публика ја дадов својата крв, со асистенција на една медицинска сестра која наточи речиси две полни епрувети.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Маргина 35 61 Овде четири и пол години се работеше, од илјадници работници се бараше да го дадат својот максимум, сигурно не затоа за сега да се изложуваат дела на луѓе кои покрај сè беа и мрзливи, па за пет часа го наплескале платното уверени дека смелоста на моленевитото остварување на таков еден гениј, ќе направ доволен впечаток и ќе создаде претпоставка за прием на таквите дела. IX Претседателот на Државната комора за литература, Hans Johst, зборува на Неделата на воената книга 1941: ...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Околу пладнина Тренков си ја даде својата последна наредба на војводите: — Ајде сега, другари, соберете ги луѓето и право на чешмата во жиовските ливади! Тивко, со мукает слегувајте.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око, бидејќи сите в глава ги познаваше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Но, сигурно дека ќе дадат свој придонес во вообликувањето на литературната топографија на овој град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа е она за што луѓето ги даваат своите пари.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да ги земев, а тоа ни на крај ум, можеби ќе ја подобрев нивната позиција кај наредбодавачите, ќе го дадев својот доказ - „за мојата дволичност”, додека сталиничката држава ќе имаше доказ и право да се пресмета конечно со вратениот емигрант.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Терапевтите можат да дадат свој придонес во деконструкцијата на експертските знаења, со тоа што ќе се сметаат себеси за „коавтори“ на алтернативни и преферирани знаења и практики, и со конкретни усилби да воспостават контекст во кој клиентите се привилегирани како примарни автори на овие знаења и практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПРАКТИКИТЕ НА ЗНАЕЊЕ
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се пишуваше за работникот кој станува во рани зори, и кој, според духот на народната уметност – пресреќен заминува во фабриката за да го даде својот труд, себеси да се даде за – општо добро, се пишуваа оди и фалбоспеви, итн., итн.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Три години крвавеа, три години хранеа и даваа сув покрив, им ја дадоа својата постела и рогозина, своето веленце, своето возглавие, своите деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓутоа, гемиџиите сакале да се “арчат“ за Македонија, значи требало да го дадат својот живот, и затоа решиле тоа да не биде без “противвредност“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Останува и идните истражувачи да го дадат својот прилог.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Еднаш, кога седевме во пеперуткарникот, големата стаклена градина со тропски растенија изградена до куќата на Ауербахови, по која летаа облаци од пеперутки, Клара ни рече: „Имам видено мајки кои го даваат својот живот за животот на своите деца, и мајки кои им го одзеле животот на своите деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имам сретнато жени за кои единствена смисла на животот била да станат мајки, и жени кои станале мајки не затоа што сакале, туку затоа што немале друг избор освен да влезат во брак и да родат деца.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секогаш стреми се на она што го сликаш да му дадеш нешто свое, да му дадеш свој израз, своја душа, што се вели.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Едно чудо луѓе ја бркаа, ама никој не успеа да ги дофати парите од штотуку исплатен кредит на рака, со девизна клаузула и потписи од гаранти кои ја дадоа својата рака, а, богами, и нога, како оној од цртаниот филм со подарокот од Буч. И плус пасошот!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, најверојатно, многу совесни жители залудно ги дале своите животи за да го излекуваат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сета драма во владеењето со судбината на палестинскиот народ, да му даде своја држава, во идните години ќе растргнува токму во опцијата да се создаде мултиетничка и мултиконфесионална и демократска Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Арафат, и при нашите средби многу години подоцна, ќе рече дека уште на почетоците верувал и постојано велел дека иднината на обединета Палестина, ќе биде демократска, а не конфесионална, гарантирајќи сигурност за сите нејзини граѓани: Евреи, христијани и муслимани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И ете ти, јас работев, се обидував да го дадам својот удел...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неброено пати му беше повторувано дека го дале својот живот за татковината.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Токо и тиа мајки магарици, не гледаат ли на кого и даваат својте ќерки?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ме погледна и тивко ми рече, на јазикот кој му беше непознат на лекарот: – Што бара магарево од мене? – Што вели госпоѓата, тоа може да биде значајно за дијагнозата? – Вели оти е време да ја оставите на мира! – Мене ме определија од медицинскиот конзилиум да го дадам својот удел во дијагнозата, за да се пристапи кон што поуспешно лекување на пациентот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Додека светлото постепено се смалува, позади сцена се слуша глас: - Повикани сте да го проследите овој исечок од животот и за него да даде свое мислење.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Јас не можам да го дадам своето мислење додека не добијам одговор од својата Влада... - рече Англичанецот чепкајќи ја лулата со клече.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во жалбата наведе дека вештото лице кое изврши увид, дава свое мислење само околу тоа колку е оштетена куќата а не и кои се причините што довеле до оштетување на куќата; дека вештото лице самото наведува дека не е стручњак по ова прашање; па спрема тоа, треба стручно лице да даде свое мислење за причините што довеле до пукање на куќата, зашто има и други куќи во селото што се на иста или приближна оддалеченост од каменоломот, а не се оштетени; што се однесува до сведоците: тие тврдат дека пред употребата на експлозивот, куќата не била напукната, но не можат да тврдат дека тие пукнатини настанале токму од експлозиите или од нешто друго.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Леле, колку врескаше на првите повоени митинзи против домашните непријатели и нивните довчерашни слуги, против шпекулантите, против селаните, кои не сакаа да ја дадат својата земја и да стапат во доброволните задруги, против сите приватници, против сите кои не им беа по ќеф на новите раководители.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веднаш дедо Геро почна да им кажува смешки, а Јоне на Николчета му ја даде својата комитска спрема.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во тој поглед, оптимизам нудел постигнатиот договор на Либанската конференција, на која било договорено „ЕАМ и комунистите“ да влезат во Грчката влада во која свое учество би имале сите партии, така што Британците се надевале дека ЕАМ во натамошното дејствување ќе стане безопасен, уште повеќе што било договорено да се формира „национална грчка армија, во која треба да се вклучат сите единици на отпорот, вклучувајќи ги и воените единици на ЕЛАС-ЕАМ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, како резултат на започнатата размена на мислења меѓу Велика Британија и СССР за повоеното уредување на светот, СССР се согласил да им дозволи на Британците да го преземат "водството во Грција", така што Британците сметале дека Советската влада нема да ги спречува нивните активности во Грција и дека Советите нема "отворено да ѝ ја даваат својата поддршка на ЕАМ".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- И јас се согласувам, - рече Бреза, иако поим немаше за што ја дава својата согласност.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дишан еднаш рече: „Креативниот чин не го извршува само уметникот, туку и набљудувачот го доведува делото во допир со надворешниот свет одгатнувајќи и интерпретирајќи ги неговите внатрешни вредности и така дава свој придонес во креативниот чин”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)