даде (гл.) - цел (прид.)

На ливада росна го чекаш ти мај ништо не превземај пивото дај целиот живот кичмата виткај ти пак во Сарај, а тој во Дубаи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Дури ми даде цел нов комплет есцајг кој ѝ беше останал како дупликат од свадбените подароци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Еве ја превисоката порта на оној еден тетин, исто така, тетин Герман каде што Шишман скрши стомне и после за да не плаче некоја жена му даде цела свадбарска џувка со шекерчиња.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но, не ја разбирам твојата галантност, за букетот си дал цело богатство, па и вино...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А оној со големата чанта праша: - Сака ли некој доброволно да остане?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас застанав и погледнав зад мене. Ми пријде Доне.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
За жал, вас на кои партијата им ја даде целата доверба, ќе ве нема. Зошто?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Пандо сврте глава и потоа рече: - Тебе ли те викаат? - Мене, - рече Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И султанот го награди за таа негова верност и храброст. My ја даде цела Румелија да пашува во неа, но да не го заборава; секогаш да му се најде во лош час. И му се наоѓаше Мехмед.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Би ја дал целата торба сосе сите пљачки за една стомна изворска вода.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секогаш, после процесите, тој ќе му дадеше по две-три банки, а по окончуваето на процесот во врска со случајот на солунецот Раде му даде цела стотка бакшиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа ти го барам, а потем, ќе ти го дадам целиот свој живот. – Многу си лековерен – му рече учителот. – Не ми е потребна лековерноста; ја барам вербата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да не мислиш дека првиот Адам во Рајот можел да уништи еден единствен цвет или страк трева? – Не сме во Рајот – се заинаети момчакот. – Овде, под месечинава, сè е смртно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)