даде (гл.) - целосен (прид.)

Со своите информации до штабот во Каиро и меѓусебната комуникација тие даваат целосна слика за настаните на територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Донски продолжи да чита иронично: Со одликувањето со Орден на трудот, на нашиот трудбеник ќе му се даде целосна сатисфакција за неговата досегашна работа, како и поттик за нови успеси на полето на архивистиката. Смрт на фашизмот - Слобода на народот!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак термодинамиката, а тоа Карно добро го знаел, не дава целосен опис на најсложените системи, посебно на оние во кои заемодејствата не се слаби како кај молекулите на гасот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)