даде (гл.) - чуден (прид.)

Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Соседите ни се смееја отшто сме им дале чудни прекари и отшто ич не нè бивало за вистинско проценување на луѓето и на здивот на бронзата.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Потем ја позеде и ми ја даде чудната штичка што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)