даде (гл.) - пак (прил.)

Сужните ги втераа во еден од авурите и ги затворија заедно со дванаесетте коњи; им дадоа пак по парче леб и по некоја голтка вода и им ги заклучија рацете, врзувајќи ги крајните синџири за по еден од диреците на јаслите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш во 1945-та и сонот го добил своето „научно“ толкување, го дал пак тој, чудакот Акиноски, Јован.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)