даде (гл.) - не (чест.)

Тие ќе треба да дадат не десет отсто, ами може да ги фати и дваесет и пет па и триесет отсто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па зарем пакетот што ти го дадов не ти кажа ништо?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој рекол дека лично е заинтересиран на тие несреќни луѓе да им се даде не само формална помош, туку и срце.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Можеби тоа што им го даде не беше доволно за да ја покрие нивната долга изгладнетост, но во случајов не можеше да ја совлада својата себичност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)