движи (гл.) - кон (предл.)

Виде и стотици милиционери, војници со чудна шарена облека, со големи палки и штитови, како се движат кон паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Погледот ѝ го пресече единствената голема црвена пожарникарска кола која брзо се движеше кон паркот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Без такт, без рафинман, без пардон.  И одново тие: Весели мечиња одат по улицата Под Липите, и гледај, се движат кон срцето на Берлин.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Групи весели мечиња, парче по парче, го носат својот тежок товар и симпатично збивтаат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Реката на автомобили која се движи кон морските магистрали и натаму тече, во најмала рака како пред нас да е летото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2 Всушност ништо: „врзани енергии што се движат кон сопствената смрт”; игри на неутрализирање, деактивирање на сапунските меури, супституции, инверзии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Ех! Камо сега некој Толе Паша да се јави однекаде в грб!“ си помисли Златков и длабоко издивна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Турците помислија дека четите се движат кон исток каде на ЛиЃураса веќе беше започнато сражението од Златков, Железаров и Пешковчето, та место да трчаат по овие што побегнаа кон југ, тие се назагнаа на исток, убедени дека натаму бегаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што милениумот се движи кон крајот, слична оценка може да биде дадена и за апстрактниот идеал.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Некако успеав да се доберам до еден примерок и додека ја држев книгата во рацете, се сеќавам дека размислував за тоа како еден булимичар мора да се чувствува исто вака додека хипнотички се движи кон фрижидерот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дневниците се водени од Ноември 1976 до последната недела на Ворхол во фебру­ари 1987, давајќи детална слика за уметниковото ужасно спуштање на проклетиот терен на “Исполнети молитви” на Труман Кепот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сите беа мокри од пијачките што се истураа врз нив. (извадок од Понеделник, 2 Јануари, 1978) Кога 1989-та година ги објавија Дневниците на Ворхол јас едноставно морав да ги имам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во првиот случај имаме талентиран ум кој мудро се движи кон културна синтеза, а во другиот непромислено дете...“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И токму се понадевав дека се се движи кон доброто а за моето ерѓенство се разгорува уште едно огниште, наеднаш сфатив дека таа ти дошла или да ми стави оглав или да се одмаздува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Грд но безвреден потег на повредена жена на која и се завртело в глава дека јас сум ја потпишал заповедта да му се национализира богатството на оној нејзин кулак!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога го допре подот, фигурата кратко застана и потоа почна полека да се движи кон него, чевлите со кочен ѓон крцкаа по цементот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Предизвикот ја помамува да се движи кон искористување на неискористениот дел на мозокот – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И така случајностите се ределе едни по други, а луѓето благодарение на нив, се движеле кон врвовите на социјалното живеење, но и се спуштале на дното.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Можеби по линијата на ридот мина мал облак или кадра на зимска магла што до овој ден се притајувала во некоја камена пукнатина колку за да се прости само од некој свој заложник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Орелот и орлицата се движеа кон сонцето кружејќи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чудно било што и до тој суров Онисифор се допира набожноста на очајот, што едно од многуте пипала на тој очај се движи кон неговата загатливост, зашто само тој пред поаѓање не ја отпечатил крвта на својот палец и показалец во манастирското Евангелие и зашто само нему му рекла игуменијата Минадора дека ќе му суди под бочва некој калуѓер Кузман или Дамјан доколку му никне тртка на носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го заборавиле видовитиот Дмитар-Пејко и не виделе кога над него клекнал Онисифор Мечкојад, барајки му ја со смрзнатите прсти на левата рака жилата на челото, обајцата со исти зборови на усните како и другите - господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што уште се случи? Вообичаени работи: ги пресушивме резервоарите на вода; демек првпат вистински ја разбравме музиката; расположението ни зависеше од тоа дали патките се движеа кон нас (радост) или од нас (разочарување).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
1. Терапевтот ги следи телесните знаци меѓу учесниците во терапијата, за да види колку брзо дијалогот се движи кон нови или застрашувачки теми.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Стануваме, се собираме и со крупни чекори доаѓаме до колата, застануваме и играме на Big Time Sensuality и имаме сериозна дискусија околу These Animal Men, двапати го пуштаме синглот, многу гласно и во 19.40 бришеме од паркот, нурнувајќи се во блескавата и бескрајна 1001 ноќ.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Една евразиска армија (Океанија беше во војна со Евразија: Океанија отсекогаш е во војна со Евразија.) се движеше кон југ со застрашувачка брзина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ако е така, тогаш планетата Земја неповратно се движи кон својата цел и кон својот крај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А сѐ се движеше кон тоа однапред да се оправда грешката, при што, како жртвени јарци и други заложници, беа повиканите политички агитатори, дури и стручните лица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А потоа, летајќи без крила, како се движи кон нивата со пченка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Целата работа, значи, се движи кон процесирањето низ DSM-III поради наплата на осигурувањето, а осигурителните друштва исто така се свесни за целава ситуација, додека пациентите и роднините не се баш.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Затоа, секој секого лаже додека, едновремено, друштвото ги сакати луѓето кои навистина се ментално вознемирени.  Дали мислите дека и една обична личност може да биде зафатена во еден таков систем?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Колона камиони со запалени светла се движи кон селото Света Недела.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, постојат показатели дека светот се движи кон доминација на мултинационалните корпорации, чија растечка монополизација на информациите остварува сѐ поголема моќ како над индивидуите така и над националните држави.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)