движи (гл.) - меѓу (предл.)

Келнерот одвај се движи меѓу преполнетите маси, потонати во крајно распалена; страсна расположба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
65. Моите познаници се движеа меѓу паднатите рицари собирајќи ги прстените, паричниците, џепните часовници, моминските чеизи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Петре не може да остане тука, ја зема гајдата и слегува во дворот. Необично е што се движи меѓу полегнатите луѓе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На гробиштата владееше невидено спокојство и мир и за тие што почиваа таму, а и за посетителите кои со респект тивко се движеа меѓу гробовите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се движеа меѓу два реда војници замрзнати во својата службена поза.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)