движи (гл.) - напред (прил.)

Додека се движат напред и назад низ темите, гледачите набрзина ги одбираат информациите и можат да излезат со општа идеја за Босанската ситуација по петнаесеттина минути интеракција со делото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Одеднаш, се фаќа во најобична самоизмама: па тој ги повторува заправо некои од веќе проследените варијанти, мислејќи оти се движи напред тогаш кога се врти само во круг.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Долга е колоната и полека се движи напред.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Та оттогаш сè почна да се брои и да се движи напред!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Го гледаш ли овој камен? – со раката покажа кон големиот камен со темно сива боја. – Кога човекот не верува во себе, тежи како камен на едно место, не може да се движи напред ниту да се воздигне; значи стои на едно место – продолжи старецот. – Кога верува во себе, тој е предаден на дејствувањето на природата, како пердув предаден на ветрот, лесен, се движи без тешкотија напред, па може бргу да достигне духовно визвишување – одговори, без да сети некаков замор од долгото зборување.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)