движи (гл.) - слободно (прил.)

Вичо, во близината на село Дробиште на западниот дел на езерото Мала Преспа, во селото Турје и во Лерин тој живеел и се движел слободно “меѓу Македонците кои го примиле и верувале“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Му рече да му ја ослободи левата рака да му се движи слободно и му даде да носи очила.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)