дефинира (гл.) - во (предл.)

А таквата општествена состојба е состојба на светот во којашто историјата не се дефинира во загрозената линеарност на чувствата на некакви си „историски цели” (финалност еднаш засекогаш формулирана, што ќе каже дека преминала од другата страна на финалноста на практичниот разум, во еден екстрем на вирулентно, логички недофатливо постоење), туку дијалошки, аналитички, се испрашува и раствора во самиот човечки живот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Почна да работи и во неделата, а бидејќи замислите сѐ уште не беа дефинирани во неговата глава, немаше можност да ја вежба превртената конверзација што ја беа вовеле.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа значеше нешто посебно, иако никоја од жените тоа посебно не можеше да го дефинира во конкретно сознание, но беше важно со самото тоа дека таквиот статус ги охрабруваше „типките”, како што Илона ги нарекуваше своите „колешки” од другите соби, да бидат сигурни во контактите и договарањата со неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Работничката В И од Скопје (сега 50-годишна) беше вработена во ДПСУ „Електрометал“ АД Скопје – претпријатие што се бави со трговска дејност, и тоа со договор за вработување на неопределено време.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нејзиното работно место беше комерцијалист и, пред да настане конкретниот спор опишан подолу, имаше 14 години работен стаж во истата фирма.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работната атмосфера е тешко да се дефинира во целост, бидејќи В.И. смета оти токму поради оваа хиерархиска поставеност во фирмата се предизвикуваше непотребно сепарирање меѓу вработените и создавање на внатрешни табори.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Минималната плата е дефинирана во чл. 2 во ЗМП и истата гласи дека минималната плата претставува најнизок месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да ја плати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Функцијата на кампот се дефинира во спротивност со убавината и обратно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кампот и убавината не се само спротивставени: обете едно на друго си се и конкурент и противник.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие го дефинираат во најсуптилни црти правилото за преживување, преку борбата со суровата стварност – продолжи старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имено, денешните теоретски согледувања за јавниот простор обично го дефинираат во опозиција на приватниот простор, и како таков тој е историски производ на развојот на модерното капиталистичко општество (промените во индустрискиот процес кои довеле до трансфигурација на односите помеѓу „домот“ и 71 „работата“)79.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, барем во еден значаен аспект нашиот современ концепт за јавниот простор е значително различен од оној на античките polis и agora.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Денес, пак, јавниот простор се дефинира во дијалектички однос со капиталистичкиот приватен простор („затворениот“ простор на домашниот и личен живот, наспроти „отворените“ простори на трудот, политиката и медиумите).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
ЧЕТИРИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ (СВЕТЛИ) КУЛТУРИ И КОНТРАКУЛТУРИ
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во информатичкиот период, еволуцијата е дефинирана во термини на мозочната моќ. • Способност да се управува мозокот: да се активираат, унапредат, вклучат, досегнат невроканалите; • Способност да се реформатираат и ре-едитираат мисловните фајлови; • Способност да се примаат, процесираат, испратат пораки со брзина на светлината. • Способност да се комуницира во мултимедијален мод; да се создадат аудиографски речници и граматики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)