дејствува (гл.) - според (предл.)

Според анализата на ситуација ГШ донел решение да се премине во контраофанзива во Источна Македонија преку планината Осогово, Плачовица, Огражден, Беласица и да се дејствува според конкретната ситуација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ете зошто „мелодрамата“, сфатена како безвредна, недостојна книжевна форма, по правило се користи за да се карактеризираат, а и за да се обезвреднат, сентименталните животи на другите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо тоа, дејствува според општествената логика на одредницата „кич“ – како средство за погрда.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога на жанрот се упатува погрдно и кога тој треба да послужи како дисквалификација, како назив за долна естетска категорија, мелодрамата веќе не важи за камп.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата е камп само кога поимот „мелодрама“ не се користи исклучиво како критикување, само кога неговиот погрден полнеж се расејува и се споделува – со други зборови, кога ветвата етикета „мелодраматичен“, истовремено и абјектен и гламурозен, се прифаќа и се користи за себеси.309 ‌Инаку, кога поимот „мелодрама“ се користи конвенционално како атрибут со кој се принесува жртвено јагне, тој дејствува како омаловажување.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нејзината задача беше да се пробие низ Источна Македонија и да избие на секторот: Куманово-Крива Паланка-Врање-Црна Трава-Лужница да се соедини со македонските, јужноморавските и косовските единици во овој реон и натаму да дејствува според ситуацијата. 124 PRO WO 202/406. 125 Дража. 126 Цветко Узуновски. 127 Добривоје Радосављевиќ. 128 Михаило. 129 Петар Брајовиќ. 130 Петре Богданов. 131 PRO FO 371/43739 R 21785. 132 Бригаден весник “Народен војник“, бр. 2/1944.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
„Така е“, рече Г., „и јас дејствував според тоа убедување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)