дига (гл.) - глава (имн.)

КОТЕ: (полека ја дига главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИТРЕ: (тешко ја дига главата).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Дигаат глава кутрите кон прозорците“, како што би рекол Цанкар во својата „Повест за мајката“, облиени во сјајот на јаркото сонце и ги листаат страниците од календарите на годините што поминале.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ја дигаше главата и од висина го шеташе погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што мислиш ти, Абдула, а? Абдула ја дига главата и фркнува тешко како коњ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)