доаѓа (гл.) - откај (предл.)

А во срцето на градот, улични продавачи гласно нудат кандирано овошје и зашеќерени јаболка. Радосно викаат деца.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Далеку сум, но со тебе сум – ме допираше неговиот глас како летен тивок ветер што доаѓа откај Водно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
До онаа единствена куќа на брекчето сега се стигнува по патот што доаѓа откај браната и вдолж го сече ридот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Нема да можеме да летаме? – го прашав, однапред знаејќи го одговорот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не се врати. Ама оние кои умеат да се свртат кон секоја виулица што доаѓа откај Црвен рид, секогаш се во можност да ја видат нејзината црвена шамија распната пред крилата на ветерот што се готви за на пат?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Чекорите што доаѓаа откај ходникот, многу тешки и речиси идеално рамномерни, ја одмеруваа должината на ноќта и неизмерливоста на неизвесноста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Пријатни навеви од благ ветрец доаѓаат откај реката.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)