доаѓа (гл.) - нов (прид.)

Еднаш во годината доаѓа Новата година. Тоа го знаат сите деца, а тоа го знае веќе и Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеш, рече, доаѓаат нови избори.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се меша зеленото мастило со црвената крв: надежта отпочинува под сенката на муренката пред лутиот бој со смртта. ем молчат, ем бијдат брановите: доаѓаат нови поплави од тага за докусурување на дваесетиот век. секое листе на белата муренка им прави сенка на мечтите на сите кои умираат со гордост во погледот.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
По мостот минеа пешаци и коњаници; доаѓаа нови кулукчари од кои, некои, сигурно синот на Тајко имаше сретнато и попат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Цврстораките субјективисти, идеолошките занаети од овој и оној тип, мачистичките мислители и активисти - сите се возбудија околу новава ситуација, во којашто едноставно веќе не е можно една мисла, еден проект да се здобијат со апсолутна власт, која ќе биде мера на сите нешта до некоја следна револуција или контрареволуција, кога доаѓа новата мера на сите нешта итн.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Некој хор довикуваше: - Доаѓа Нова Година. Колку е убава!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)