доаѓа (гл.) - сѐ (прил.)

Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наизлегуваа на чистината, шест издолжени црнки, зашарија неспокојно по таа искричава белина, задушкаа во сите нејзини катчиња, одминувајќи лесно, како да се слизгаат по неа, а за сето време доаѓајќи сѐ поблиску до неговиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само што нешто тука беше сѐ понеодвратливо и сѐ понеумоливо - доаѓаше сѐ поблиску.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По свршената акција, Методи нека дојде веднаш овде, а ти не доаѓај сѐ додека не си сигурен дека не ве следи никој.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во тие свои меки потскокнувања, среде кои многу често знаеше и да се тептиса, заслушан, овој жител на Белата Долина доаѓаше сѐ поблиску до Змејковиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шпанците слабо ни идеа, ама Маврите почнаа да доаѓаат сѐ повеќе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Така размислуваше додека претпазливо доаѓаше сѐ поблиску и поблиску до точното место каде што беше змијата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)