доаѓа (гл.) - или (сврз.)

Кога трговците доаѓале или се враќале, сите луѓе од островот со песни и со игри ги испраќале или ги дочекувале.“ - Продолжи Бузо...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бев заустил да прашам случајно да не се случило нешто несакано, непредвидливо… а можеби имав речено… или спомнато нешто необично, бидејќи наслутував делови од некои патеки… но Дуда се чинеше толку несреќна додека доаѓаше или си заминуваше… и тогаш сфатив дека Дуда всушност ми раскажува за себеси; за проблеми што се чинат толку тешки а таа храбро шета по нивната смешна страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Нели ти реков дека мојот пилот ми имаше зборувано за таа прекоманда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)