добива (гл.) - за (предл.)

Нејзиното барање, врз основа на Наодот, оцената и мислењето бр. 2322 на Првостепената комисија, раководителот на подрачната единица го усвои и – во јули 2002 – донесе решение со кое се констатира преостаната т.е. намалена работна способност, со препорака за работа со скратено работно време.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Плусот секогаш го добиваше за време на фестивалот на палачинката, кој секоја година се одржуваше во почетокот на јуни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ЈКП „Дервен“, во тоа време, веќе имаше неколкумина вработени кои, по разни основи кои беа предвидени и во Колективниот договор за комуналните дејности во РМ како и во Колективниот договор на ниво на работодавач, работеа со скратено работно време од четири часа дневно,5 а за тоа примаа соодветен надоместок (кој изнесуваше 85% од разликата меѓу платата што се добива за работа со скратено работно време и „нормалната“ плата која би ја оствариле доколку работеа со полно работно време).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И момирокот што го добивавме за обработка идеше таму.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- А дали ќе се плаќа работата, праша некој, што ќе се добива за работата. - Ќе добивате леб, вели војникот, а ти да не сакаш и чин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)