добие (гл.) - втор (бр.)

Сега добив второ одликување за храброст.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го доби вториот одговор, во очекување на времето да го фрли и последното камче, ја стави ногата во дупката од ровот, што по заповед беше направена да послужи како узенгија во случај на потреба да тргнат во јуриш на непријателот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Најпрвин по малку, од жештинава се ошеметени, а откако ќе се соземат добиваат втора порција, па листенцата се поткреваат, цветовите живнуваат, жолти - како мали сонца.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)