добие (гл.) - благослов (имн.)

X И така најпосле можеше да започне да се остварува мојот дипломатски итинерер во Тунис, откако беше добиен благословот од живото божество во Картагина- Хабиб Бургиба!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од попот доби благослов и наредба да оди во црквата, да ја земе кадилницата, оти и жарот веќе стаса во оганот. Со кадилницата в раце дедот поп и Кушо влегоа в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)