добие (гл.) - дел (имн.)

Секој од вас ќе добие дел од наредбата што се однесува конкретно за секоја единица и тоа во детали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој не ги прими со благодарност, туку со навреда што му ги враќаат неупотребени карбитните конзерви со експлозивен фитил, можеби очекувајќи дека од неспортскиот улов ќе добие дел со кој ќе може да се пофали.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
БН е задоволен од исходите на споровите во кои учествуваше – бидејќи веќе има добиено дел од неисплатените трошоци кои му следуваа како право – што беше и главна цел на тужбите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако судската одлука во корист на Б. Н. веќе е правосилна и извршна, до овој момент МВР сѐ уште нема исплатено никакви парични средства на трансакционата сметка на тужителот и, како што стојат работите, сè поверојатно е дека предметот повторно ќе биде принудно спроведен и наплатен преку извршител!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)