добие (гл.) - информација (имн.)

При крајот на јули и почетокот на август Маклин почнал да добива информации дека германската офанзива попушта и дека иницијативата ја преземаат партизаните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во таква ситуација на Британците им останувало само да чекаат и да видат дали таа одлука вклучува во себе “некоја балканска федерација или само некое мало спојување со Бугарија во советската орбита“.369 На 10 декември 1944 година Главниот штаб на сојузничките сили добил информација дека “ЕЛАС добива оружје, муниција и помош од симпатизери во Бугарија и Југославија“ и барал од 37 воена мисија “да се преземе истражување...и ако е можно да ја спречите таквата помош на ЕЛАС“370 Меѓутоа, во телеграмата од 11 декември се барало “во случај извештаите да бидат вистинити“ да не преземаат “енергична акција“ како што се барало од нив, без претходни инструкции од британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
2. Сѐ додека не се добие информација за сериозно зголемување на недостаток на храна, оваа област би требало да има мала предност во добивањето на хана и облека.“
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Додека едни викаат, други трчаат кон отворените телепринтери, јавуваат, добиваат информации, се продава, се нуди, со еден збор - сето тоа на неупатениот му личи на некоја бркотница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тогаш, се јави и во Новосадската пошта, а оттаму доби информација дека од пред некое време бројот е исклучен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поради неможноста да се добијат информации од прва рака, Владата на Неговото Височество не можела да заземе став во однос на настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британската дипломатија, и покрај нејзините настојувања да биде во тек со сите прашања што ја тангираа, сепак не можела да добие информации за одредени настани кои се воделе „тајно“, меѓу комунистички контролираните лидери во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според информациите на Радиото, во настапите во Софија пред претставниците на БРП македонските претставници, а и Светозар Вукмановиќ-Темпо, известува Дикинсон, истакнувале дека сакале да видат "…слободна Македонија, обединета во рамките на нејзините историски граници".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа, пред сè, се однесува на Југославија, Бугарија, Албанија и Романија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, на 29 септември 1944 година, мајорот Дикинсон, кој сè уште немал контакт со ГШ на НОВ и ПО на Македонија, добил информација преку Радио Анкара дека командантот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија, Михаило Апостолски, заедно со Светозар Вукмановиќ-Темпо, "се вратиле од Софија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа експертите барале да се формира британско дипломатско претставништво, преку кое би можеле да добиваат информации од обучени дипломати за да може навремено да се реагира за одредени настани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
А настаните земале тек којшто не одел во прилог на британските „животни“ интереси на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Затоа Сарџент сугерирал дека било потребно да се испита "уште еднаш природата на овој стар и неразбирлив проблем за Македонија и нејзиниот однос за скорешната идеја за словенска федерација, вообличена од Југославија, Бугарија и Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На одржаната средба со Тито, Меклин отворено го известил дека Британците се посебно загрижени околу активностите кои се одвиваат во Македонија, чија цел е нејзиното обединување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Исто така, и зачестените изјави на македонските политички и воени лидери за обединувањето на Македонија биле една од причините Форин офис да се обрати до британскиот шеф на мисиите во Југославија, Фицрој Меклин, и од него да побара тој да се сретне со претседателот на НКОЈ, Јосип Броз Тито, за да го запознае со активностите што се преземаат во Македонија на тој план и да добие информации за улогата на Југославија во тие настани.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој доби информација дека се има отстапено од првичниот технички проект, иако уште пред две години било донесено цврсто ветување од сите надлежни институции дека Депонијата ќе биде изградена според сите светски стандарди за безбедно депонирање на комуналниот отпад.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)