добие (гл.) - награда (имн.)

Инспириран од патувањето во СССР, врз основа на таму снимениот материјал, во 1984 год. се реализира среднометражниот филм Imagining October.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во Берлин 1986 год. ја добива наградата за режија на филмот Караваџо (Caravaggio), со којшто цврсто го обединува својот сликарски талент со филмското мајсторство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ што е забележено на лента е факт, но селекцијата на појавите, начинот на кој тие се претставени и потоа во монтажата споени, нѐ води во просторот на интерпретацијата, авторскиот став, фикцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На крајот, сите добија награди, па и „Мањифико“, но повеќе како израз на гостопримство, а не поради успехот што го постигна на балканијадата, на која, очигледно, на „Мањифико“ не му беше местото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Неуромансер” ги доби наградите „Хјуго”, „Небјула”, „Филип Дик”, австралијанскиот „Дитмар”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Без некои посебни подготовки и вештини, со низок IQ и без скршен денар, само со "врски", тој успева да ја изврши задачата и да ја добие наградата, која се состои од пари, слава и најдобрите жени.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Има учествувано на повеќе поетски настани и добиено награди за поезијата на неколку конкурси.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Што ли сѐ не направија само да не ја добијам наградата, Боже?!
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За своите книги, тој ги има добиено наградите 11 Октомври, Рациново признание, Печалбарска повелба, Ванчо Николески и наградата Роман на годината за романот “Бунар“, номиниран и за меѓународната награда Балканика во 2002.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од сите домашни животни, не исклучувајќи ги дури ни прасињата, кокошките ја добија наградата за глупавост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А готвачот ќе добие награда, коска од риба во грлото. И само тоа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој, пак, што ќе ја спознае, ќе добие награда. Ќе му биде исполнета секоја желба. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Веќе со својот прв роман, Потеклото на брунистите (1966), Кувер го привлекол вниманието на ктитиката и ја добил наградата “Вилијам Фокнер”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Карма се активностите кои тој ги прави во текот на своето живеење, за кои добива награди или казни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Прекрасни филадендрони - рече - да добиев награда, ќе ја зарадував мама...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Радосно сјаеја лицата на Вики, Зоран и Гордана, добитници на награди за литературни творби - филадендрони - ... и Теми се надеваше дека ќе добие награда, ама не покажа дека е разочарана... знае да си ги крие чувствата...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мими пак доби награда. Девојчето го бива, се метнала на мама...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Така Александар беше доверен на Аристотетл кој доби награда за подучување на синот.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Tantalazing Stories излегуваше во шест редовни изданија, плус специјалниот колор- додаток, Frank in the River, кој во 1992 год. доби награда за „Најдобро поединечно издание“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)